Запленети се 17 милиони фалсификувани евра

Италијанската финансиска полиција во градот Мерчанизе, заплени фалсификувани новчаници во вредност од 17 милиони евра и уапси едно осомничено лице.- Запленетите фалсификувани пари се верна копија на оригиналот и лесно можат да бидат подметнати кај голем број од потрошувачите поради добрата имитација на филигранот, безбедносните нишки и холограмот, се наведува во извештајот на полицијата.
Имено, полицијата го забележала необичното однесување на едно лице кое избезумено пренесувало картонски кутии во кои се наоѓале фалсификуваните пари, кои биле земени од возилото на едно претпријатие за транспорт, пренесе АФП.
Со оглед на тоа дека градот се наоѓа во непосредна близина на Наполи, тогаш ова не е никаква новост. Имено, Наполи и околината се главно седиште на сите видови фалсификувања во Италија – од лажни новчаници до гардероба, преку обувки и модни додатоци.- Запленетите фалсификувани пари се верна копија на оригиналот и лесно можат да бидат подметнати кај голем број од потрошувачите поради добрата ими

Пронајдете не на следниве мрежи: