Започна големата конференција – Microsoft Визија: Reloaded

Дигиталната трансформација на бизнисот – една од главните теми на годинашната Microsoft конференцијаОд денес започнува Microsoft конференцијата Визија: Reloaded, најголемиот  и најзначајниот настан годинава, кој во текот на следните 2 дена ќе биде центарот на случувањата за ИТ и за бизнис-секторот во земјава.
Новата, освежена и надополнета Microsoft Визија конференција, која веќе со години е најважниот настан во ИТ-индустријата, од годинава претставува и најголемиот настан кој ја поврзува ИТ со бизнис-секторот, со образовниот и со јавниот сектор.
Конференцијата во организација на Microsoft Македонија се одржува на 16 и 17 ноември во „Хотел Marriott“ во Скопје. Повеќе од 200 учесници од домашниот но и регионалниот ИТ и бизнис сектор во текот на два дена ќе имаат можност да чујат педесетина предавања од професионалци во ИТ индустријата, како и да учествуваат во дискусии и панели. Една од главните теми на конферецнијата е – Дигиталната трансформација на бизнисите, односно како да се направи повеќе со помалку.
Главен говорник на конференцијата е Michael Kögeler, генерален директор за CEE Multi-country Europe во Microsoft, кој опфаќа 15 земји во Централна и во Источна Европа. Меѓу главните говорници на конференцијата е и Љупчо Георгиев, директор на Microsoft Македонија и Косово.
„Претставува огромно задоволство да се биде домаќин на една толку важна конференција, каде ќе ја раскажеме целата приказна за дигиталната трансформација и ќе ги презентираме нејзините потенцијали и можности за зголемување на продуктивноста користејќи ја технологијата во рацете на бизнисот. Имаме навистина возбудливи два дена полни активности пред нас.“ – изјави Љупчо Георгиев.
На самата конференција, помеѓу сите активности, Microsoft Македонија во соработка со Цертиадриа  ќе обезбеди и бесплатни ваучери за 30 кандидати вработени во јавната администрација да можат на самото место да го полагаат испитот Microsoft Office Specialist.
Стратешки партнер на конференцијата е НЕКСТСЕНС, Ексклузивен партнер е IT LABS, a златни партнери се Cacttus, VEEAM, TDK и RRC.Од денес започнува Microsoft конференцијата Визија: Reloaded, најголемиот  и најзначајниот настан годинава, кој во текот на следните 2 дена ќе

Пронајдете не на следниве мрежи: