Започна изградбата на канализационата мрежа во Канатларци

Денеска започна изградбата на секундарната канализациона мрежа во прилепското населено место Канатларци.Секундарната канализациона мрежа се гради согласно годишната програма за комунално уредување за 2017 година усвоена од Советот на Општина Прилеп.
Се поставуваат приклучоци до сите парцели на жителите.
Откако ќе заврши поставувањето на канализацијата мрежа во Канатларци ќе се започне со изградба на секундарна канализациона мрежа и во населените места Мало Коњари и Големо Коњари, која исто така влегува во годишната програма за комунално уредување за 2017 година.
Целиот овој проект, за кој се поминати и тендерските постапки, изнесува 3 милиони денари.
 Секундарната канализациона мрежа се гради согласно годишната програма за комунално уредување за 2017 година усвоена од Советот на Општина

Пронајдете не на следниве мрежи: