Започна пријавувањето за бесплатен турнир во баскет!

Започна пријавувањето за бесплатниот турнир во баскет !
„Турнирот кој е закажан да се одржи викендов е бесплатен и достапен за сите кои сакаат да ги покажат своите способности на новиот терен во градот. Воедно, ова ќе биде и најава за сите активности кои се предвидени за периодот кој следи“ – велат од Форца Баскет Центар(Скопје 22.04.2014) Луѓето кои сакаат да спортуваат во нашиот главен град, се повеќе се заинтересирани и бараат услови кои би им биле идеални за својата рекреација. Поттикнати од ова, Форца Баскет Центар организираат бесплатен турнир во баскет за сите вљубеници во овој спорт.
Целта на турнирот е да се мотивираат младите луѓе да спортуваат, но најважно од се, тоа да го прават безбедно. Турнирот кој ќе се одржува овој викенд (26 и 27 Април) ќе биде од натпреварувачки карактер, а најдобрите ќе добијат баскет-термин за цела сезона.

За да има рамноправност околу натпреварувањето, екипите ќе може да се пријавуваат на принцип 3 + 1 во две категории: екипи до 35 години и екипи над 35 години. Но, она што е најважно за сите екипи се игралиштата на кои ќе се играат натпреварите. Тие се наоѓаат во склоп на државното средно училиште „Орце Николов“ и се 4 надворешни игралишта кои се со најнова подлога по светски стандарди која има амортизација, не се лизга и е со значителен намален ризик од повреди, единствена од ваков квалитет во нашата држава.

„Турнирот кој е закажан да се одржи викендов е бесплатен и достапен за сите кои сакаат да ги покажат своите способности на новиот терен во градот. Бидејќи бројот е ограничен ги повикуваме сите да се пријават побрзо се со цел нивно учество. Воедно, ова ќе биде и најава за сите активности кои се предвидени да се реализираат во новиот баскет центар кој е наменет за рекративно спортување…“ – велат од Форца Баскет Центар
Пријавувањето за турнирот ќе се одвива по електронски формат и сите оние кои ќе ја пополнат пријавата ќе може да ја испратат на [email protected] најдоцна до 25 април до 12 часот. Апликацијата може да ја превземете од фејсбук фан страната на спортскиот центар Форца. Повеќе информации за сите заинтересирани на 071/334-343. (Скопје 22.04.2014) Луѓето кои сакаат да спортуваат во нашиот главен град, се повеќе се заинтересирани и бара

Пронајдете не на следниве мрежи: