Започна вториот Национален натпревар за Microsoft Office Specialist

Македонија ќе бира нов Microsoft Office “гуру”Започнува пријавувањето за вториот Национален натпревар за Microsoft Office Specialist
Денес во рамките на еден од најзначајните настани за ИТ заедницата и бизнис секторот, „Microsoft Визија Reloaded“ која се одржува во „Хотел Мериот“ во Скопје, официјално започнува пријавувањето за вториот Национален Microsoft Office Specialist натпревар, каде натпреварувачите ќе имаат можност да ги покажат своите вештини во познавање на Microsoft Office апликациите: Word, Excel и PowerPoint (2013 или 2016). Победниците на Националниот Натпревар ќе учествуваат на Светскиот Натпревар за Microsoft Office Specialist 2017 кој наредната година ќе се одржи во Калифорнија, САД.
На конференцијата говореа Мунаим Макхтари – директор на Цертипорт за Бенелукс, Источна Европа, Африка и Блиски Исток и Марко Марковиќ – минатогодишен победник на националниот натпревар и македонскиот претставник на светскиот натпревар „Мicrosoft Office“, кој се одржа во Орландо-Флорида што на светско ниво го освои деветтото место во „Microsoft Power Point 2013“.
“Иако денешните дигитални “домородци” пораснале нурнати во технологијата – умешни во игри, испраќање пораки, социјални медиуми и користење на паметни телефони и таблети – многу од нив не се подготвени да ја користат технологијата за поголема ефикасност на работното место, како што се алатките за бизнис продуктивноста и специјализираните софтвери. Работодавачите денес се соочуваат со предизвици при наоѓање на вработени кои имаат општи, основни вештини за бизнис технологија, како и изнаоѓање на оние кои имаат повисоко ниво на техничка способност да управуваат со напредни технологии.
Независни истражувања, постојано ги рангираат вештините во Microsoft Office меѓу првите пет атрибути кои работодавците ги бараат во потенцијалните кандидати.
Светското првенство на Microsoft Office Specialist во 2016 година, по јубилејот од 15 години, успеа да привлече повеќе од 1.000.000 кандидати од 127 земји, кои се натпреваруваат да ги покажат своите способности за Microsoft Office апликациите. Сто и педесет студенти финалисти учествуваа во финалната рунда на натпреварот”. – Истакна Мунаим Макхтари
Microsoft Македонија и Certiadria оваа година по втор пат го организираат Националниот Натпревар Microsoft Office Specialist. Право на учество имаат сите оние од 13 до 22 години, односно сите ученици од основните и средните училишта, како и студентите на факултетите. Националниот натпревар во Македонија ќе се состои од два круга. Првиот квалификациски круг ќе се одржи во десетина средни училишта, факултети и тренинг центри ширум земјата.
Секој месец ќе се одржуваат полагања низ цела Македонија, а воедно ќе се избира финалист на месецот кој влегува директно во големото финале кое ќе се одржи во мај 2017 година. Сите оние кои ќе ги положат испитите, стануваат дел од семејството на меѓународно сертифицирани кандидати. 
Најдобриот Microsoft Office Specialist на Македонија, ќе патува во Калифорнија од 30 јули до 2 авуст и ќе ја претставува Македонија на овој натпревар кој е рангиран меѓу најдобрите настани во својата категорија.
Натпреварот е поддржан од низа општествено одговорни компании и институции меѓу кои: Стопанска Банка а.д Скопје, кои го спонзорираат патувањето во САД и Lycamobile кои донираат 250 MOS испити. Метрополис радио мрежа е медиумски спонзор на настанот, додека Министерството за информатичко општество и администрација на Р.М, Американ Колеџ и Microsoft Македонија се поддржувачи на настанот.Започнува пријавувањето за вториот Национален натпревар за Microsoft Office Specialist
Денес во рамките на еден од најзначајните настани за

Пронајдете не на следниве мрежи: