Започнете го својот ден со медитација

Медитацијата е вид на духовна вежба која, иако изворно потекнува од источната мудрост, денес претставува вид на “алатка” со која можеме да влијаеме или дури и да ги спречиме стресните ситуации на кои постојано сме изложени.

Поголемиот дел од разните придобивки од медитацијата се веќе познати, а ние Ви откриваме зошто би требало да го започнете денот токму со медитирање. 

Медитацијата го намалува стресот
Бавното и длабоко дишење го ублажува чувството на анксиозност во организмот, кое е главниот виновник за постојаниот стрес.

Медитацијата го намалува апетитот
Стресот може да предизвика лажно чувство на глад, а како што веќе напоменавме, со медитацијата успешно се намалува нивото на стрес. Со самото тоа, епизодите на напади на глад ќе се намалат.

Медитацијата го забавува стареењето
Сигурно сте забележале дека лицата кои често медитираат, вежбаат јога и практикуваат други духовни вежби изгледаат многу помладо отколку што навистина се. Доколку се прашувате како е возможно да се подмладите без никакви хируршки интервенции, медитацијата е Вашиот одговор.

Медитацијата ја ублажува болката
Истражувањата покажуваат дека лицата кои медитираат чувствуваат 44% помалку болка отколку претходно. Истражувањето се однесувало како на физичката, така и на емоционалната болка, бидејќи медитацијата помага во правилното држење и дишење. Кога дишете правилно, Вие го “храните” организмот со свеж кислород, кој пак делотворно делува на телото и психата.

Медитацијата го подобрува квалитетот на сонот
Доколку имате проблеми со сонот, често се будите во текот на ноќта или спиете до доцна, медитацијата може да биде патот до решението на ваквите проблеми.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.