Започнува шестиот „Скопје Постер фестивал“

Денес се одржа прес конференција по повод шестиот по ред „Скопје Постер фестивал“ кој и оваа година според организаторите ќе понуди богата културна програма.  Македонската публика ќе може да посети голем број на презентации и работилници на светски реномирани графички дизајнери, изложба на постери од овогодинешниот конкурс „Citizen2020” и изложби на членовите на меѓународното жири, забава и дружење со жирито и за прв пат – изложба која ќе може да се погледне на различни локации низ градот.На обраќањето до медиумите беа присутни Лазе Трипков, основач на Скопје постер фестивалот, Мирко Илиќ, дизајнер и илустратор, претседател на жирито на „Скопје постер фестивал“, Небојша Гелевски и Франсоа Каспар  дизајнери и членови на жирито.
 
 “Плакат за 6-те години постоење останува верен на свoите приоритети, а тоа се промоција на млади македонски креативци во и надвор од државата(потврда се сите огранизирани настани, пред се оние 20-тина организирани надвор од државата), поттик за размена на искуства на домашните дизајнери со оние од странство и секако креирање оригинална културна понуда во државава, како на пример првата организиран изложба во регионот на Александар Родченко која се случи на почетокот на оваа година или презентацијата на 15 светски признаени дизајнери пред креативците во Македонија преку нивни изложби и предавања”, изјави Трипков, организаторот на фестивалот.

 
Фестивалот официјално започна на 18 октомври кога во арт-кафето „Концепт 37“ беше отворена ретроспективната изложба на најдобрите постери од изминатите 5 години.
Централниот настан на фестивалот ќе се случи на 4 ноември во Младинскиот Културен Центар, каде ќе бидат прикажани на најдобрите постери од конкурсот „Citizen 2020“.
Целосната програма на фестивалот можете да ја погледнете на www.skopjeposter.com.

 

Овогодишниот претседател на жирито, коj од 1920 пристигнати плакати, традиционално ќе избере 3 најдобри решенија и 7 почесни, ќе биде Мирко Илиќ, легендарниот дизајнер  од екс-ју просторите кој има свое дизајнерско студио во Њујорк и е вброен од страна на магазинот Design USA меѓу 50те највлијателни во светот. Жирито ќе го сочинуваат и нашиот Небојша Гелевски од Кома Дизајн автор на впечатливи кампањи со претпознатлив дизајнерски стил и Франсоа Каспар, французинот кој ја создаде уникатната веб-алатка за оптимизација на трошоците во процесот на изготвување на дизајнерски решенија, своевиден посредник помеѓу клиентот и дизајнерот.
Автор на овогодинешниот дизајн на впечатливата аутдор кампањата е Славимир Стојановиќ, минатогодишниот член на жирито, најнаградуваниот балкански дизајнер кој е магнет за публиката од екс-ју просторите.На обраќањето до медиумите беа присутни Лазе Трипков, основач на Скопје постер фестивалот,&

Пронајдете не на следниве мрежи: