Започнува скијачка сезона: Утре БЕСПЛАТНО на Шапка!

Со бесплатно скијање за сите посетители од утре започнува новата скијачка сезона на Попова Шапка, информираат ЕЛЕМ ТУРС и скијачкиот центар„Попова Шапка.Оттаму посочуваат дека се спроведени сите технички подготовки и активности за непречен почеток и тек на претстојната скијачка сезона, а во текот на вчерашниот ден завршило и уредувањето и обележување на постојните патеки.
– Во ски центарот е воспоставено комплетно улично осветлување кое започнува од хотелот „Попова Шапка“ до жичницата Син Врв, потоа продолжува покрај ски патот и скилифтот „Мал Јелак“ и завршува пред манастирот Свети Наум Охридски. За таа намена, се поставени осум нови столбови со што целосно е осветлен теренот за ноќно скијање. За утрешното отворање на сезоната во функција ќе бидат ски лифтовите Аеродром и Ге, велат од ЕЛЕМ ТУРС.
Нагласуваат дека од четврток, 1 јануари ќе важат вообичаените цени за ски билети. Целодневниот ќе се продава по цена од 900 денари, полудневниот билет е 600 денари, а ноќното скијање ќе чини 500 денари. За младите скијачи до 12 годишна возраст билетите ќе чинат 400 денари, а цената на сезонскиот билет останува 10.000 денари.Оттаму посочуваат дека се спроведени сите технички подготовки и активности за непречен почеток и тек на претстојната скијачка сезона, а во текот на

Пронајдете не на следниве мрежи: