ЗАРЕМ МОЖЕ ДА ПАДНЕ ТОЛКУ НИСКО? Еве што се крие зад разводот на Тања Савиќ!

Добро упатени извори тврдат дека Тања Савиќ измислила дека се разведува од нејзиниот сопруг Душан Јовановиќ поради маркетинг, кој и тоа како ѝ е потребен. Откако по двегодишната пауза се врати во Србија од Австралија, Тања се соочила со сериозен проблем во кариерата.Нејзината популарност исчезнала и пејачката никако не може да се врати на старо. Таа сними неколку песни, но ниедна од нив не станала хит.
Таа го прифати учеството во шоу програмата „Твоето лице звучи познато“, но ниту тоа не ја вратило на местото на кое што се наоѓала пред бракот. Поради тоа, таа одлучила да го проба проверениот рецепт – измислување брачни проблеми.
Луѓето од нејзиното окружување тврдат дека сѐ е во ред помеѓу неа и Душан, но дека разводот било единственото решение кое би ја вратило на насловните страни.
– Тања и Душан одлучија да глумат бидејќи драстично ѝ падна цената за настапи, од кои и не заработува баш многу. Некој ја посоветува да измисли развод за кој весниците би пишувале. Таа го стори тоа. Тие заедно на медиумите им дадоа неопределени изјави за својот брак, а веќе не се појавуваат на места каде што има новинари – открива изворот и додава дека пејачката живее нормален семеен живот и дека одлично се сложува со сопругот.
– Тања минатиот четврток дојде со Душан во еден ресторан за да го прослават раѓањето на детето на еден нивен пријател. Таму беа многу блиски. Утредента, Душан ѝ правеше друштво на Тања кога отиде на фризер – вели изворот.
Тања одби да даде коментар.Нејзината популарност исчезнала и пејачката никако не може да се врати на старо. Таа сними неколку песни, но ниедна од нив не станала хит.

Пронајдете не на следниве мрежи: