Засадил растение во затворено шише пред 50 години и го дочекало изненадување

Дејвид Латимер (80), кој е градинар од Велика Британија во 1961 година добил идеја да засади растение во затворено шише за да види како би реагирало. Растението и понатаму е живо точно 53 години подоцна, а сето тоа благодарејќи му на неговиот сопствен екосистем.Во 1961 година, точно на Велигден, тој посеал семе во шише од 38 литри. Само двапати го полеал своето растение – за време на садењето и во 1972 година пред запечатувањето на шишето.
Оттогаш растението започна да се развива само од себе – објасни овој заљубеник во градинарството. Единствената работа што ја прави е редовното вртење на бокалот за да го постави растението на подеднаква изложеност на сонце.
Имено, водата во шишето функционира во затворен циркулационен круг. Коренот ја апсорбира водата која растението преку фотосинтеза ја испушта во шишето.

 
Амбиенталната влага создава капки кои што течат низ ѕидовите на шишето за повторно да бидат апсорбирани преку коренот. Сончевата светлина му овозможува на растението да го врши процесот на фотосинтеза, која е неопходна при производството на енергија. Растението ги црпи хранливите материи од изгниените паднати листови на дното од шишето.
Градината на Латимер ја инспирираше и НАСА за нивниот проект.
Растенијата го прочистуваат воздухот со впивање на материите кои што го загадуваат. Благодарејќи им на нив, градината во нашата вселенска станица би можела на извесно ниво да стане автономна – наведе претставник од НАСА.
Сите оние што се обидуваат сами да направат градина во шише, треба само да најдат голем сад, малку земја или компост и секако, семе. Потоа е доволно да се стави еден ипол децилитар вода и херметички да се затвори шишето, а природата ќе се погрижи за останатото.
Во 1961 година, точно на Велигден, тој посеал семе во шише од 38 литри. Само двапати го полеал своето растение – за време на садењето и во 19

Пронајдете не на следниве мрежи: