ЗАСТАНА НА ЛУДИОТ КАМЕН: Џорџ Клуни го кажа судбоносното ДА

На венчавката во луксузниот хотел Аман, од кој има прекрасен поглед кон Големиот канал во Венеција, се собраа пријателите на Клуни кои се од светот на познатите, меѓу кои е моделот Синди Крафорд, нејзиниот сопруг Ренди Гербер, актерите Бил Мареј и Мет Дејмон, пејачот Боно…Американскиот актер Џорџ Клуни и британската активистка за човекови права, адвокатката Амал Аламудин, се венчаа во Венеција. Церемонијата се одржа далеку од очите на јавноста, на приватна свеченост.
Ова беше соопштението од претставникот за медиумите на Клуни и се очекува дека ќе биде и единствена информација за долго очекуваниот брак помеѓу актерот кој со децении важеше за најпосакуваниот холивудски ерген.
Клуни и пријателите опуштено пиеле шампањско, потоа седнале во такси-чамец и се возеле по Големиот канал, мавтајќи им на минувачите окружени со чамци полни со фотографи кои сакале да го сликаат Клуни во последните минути од ергенскиот живот. По возењето, Клуни само си ги протрил рацете и влегол во хотелот.
Клуни (53) и Аламудин (36) се свршија во април и не откриваа никакви можни индикации за свадба.
Честитки и нека им е со среќа!Американскиот актер Џорџ Клуни и британската активистка за човекови права, адвокатката Амал Аламудин, се венчаа во Венеција. Церемонијата се одржа

Пронајдете не на следниве мрежи: