Затковски: Годинава реализирани проекти во вредност од 2.800.000 евра

Реализирани бројни проекти во текот на 2016, а планирани нови за тековната 2017 година, најави градоначалникот на општина Кривогаштани, Тони Затковски.
 Во 2016 година се реализирани вкупно 36 проекти во вредност од 2 милиони и 800 000 евра.
-Се работи за проекти кои што се реализирани во повеќе сфери а кои се од големо значење за животот на граѓаните. Покрај проектирањето и урбанистичките планови, општината своите активности ги насочи на кон 9 други области. Најголем дел од инвестициите се вложени во патната инфраструктура каде што беше комплетно реконструиран регионалниот пат  Кривогаштани-Воѓани во должина од 10,5 км, како и реконструкција на регионалниот пат Обршани-Боротино во вредност од 1 милион и 600.000 евра, рече Затковски и додаде дека се реконструирани и санирани и локални улици.
Проектите за патната инфраструктура ќе продолжат во 2017 година.
-Во комуналната инфраструктура општина Кривогаштани вложи околу 425.000 евра заедно со Владата на Република Македонија. Изградени се две нови канализации во населените места Крушеани и Славеј. Комплетно  изграден и нов плоштад и уредено е централното подрачје, проект во вкупна вредност од 110.000 евра. Инвестирано е и во делот на образованието, спортот и културата, рече Затковски.
Изградена е градинка, комплетно нова спортска сала, повеќе наменско спортско игралиште. Отворени се два нови археолошки локалитети кои се од огромно значење не само за општината туку и за цела Македонија. Станува збор за археолошките локалитети Врбјанска Чука и Локвенско Кале.
Целиот отчет, погледнете го на следниот линк:Во 2016 година се реализирани вкупно 36 проекти во вредност од 2 милиони и 800 000 евра.
-Се работи за проекти кои што се реализирани во по

Пронајдете не на следниве мрежи: