Затвор за Македонец во Шведска: „Ја убив зошто сакаше да се разведе од мене“

Битолчанецот Киро Тошевски, кој живее во Шведска, во вторник е осуден на 18 години затвор за убиство на својата сопруга Весна, која ја избодел до смрт во гаража во шведскиот град Лунд, пренесува „Макфакс“.Како што пренесуваат шведските медиуми, Тошевски се соочувал со доживотна казна затвор, но според шведските закони, за таква казна треба да сторил повеќе убиства. Затоа, одбраната изјави дека нема да поднесе жалба на пресудата, затоа што сигурно нема да добие намалување на казната.

Имено, 43-годишниот Тошевски на 19-ти април годинава ја следел својата 40-годишна сопруга до паркинг-гаража во Лунд, на јужниот дел од Шведска, каде ја нападнал со нож. Случаен минувач се обидел да ја спаси жената, но тогаш Тошевски го нападнал и него, по што тој избегал.

Откако неколкупати ја избодел својата сопруга, Тошевски побегнал со автомобил, а во бегството удрил во автобус, во кој во моментот немало патници.
Откако полицијата го уапсила, над него било извршено психолошко вештачење, при што било заклучено дека во моментот на убиството тој бил во свесна состојба, непопречуван од ментална болест.
Тошевски, на 10-ти април, пред убиството, бил пријавен во полиција за физичко насилство над повеќе членови од семејството, меѓу кои и сопругата. Имено, тој во семејна расправија му удрил неколку шлаканици и на синот во нивниот дом во шведскиот град Малме, оддалечен 40-ина километри од Лунд.

Тој бил приведен, но на 13-ти април бил пуштен од притвор, а обвиненијата кон него биле отфрлени. Само неколку дена подоцна тој ја убил сопругата. Според пишувањето на шведските медиуми, кога Тошевски го признал убиството појаснил дека ја убил затоа што таа сакала да се разведе од него. Тие имаат две деца.

Роднина на Тошевски вели дека тоа што се случило е страшно, и дека ако не го пуштеле од притвор поради тепањето, сопругата можеби сега ќе беше жива.
Тошевски треба да плати и глоба од 315.000 шведски круни на жрвтите на насилството.Како што пренесуваат шведските медиуми, Тошевски се соочувал со доживотна казна затвор, но според шведските закони, за таква казна треба да сторил

Пронајдете не на следниве мрежи: