Затвореник во Грција држи шест заложници, се заканува со бомба

 Еден затвореник во грција, познат по две успешни бегства од затвор, заробил шестмина заложници и се заканува дека ќе предизвика експлозија во грчкиот затвор „Маландрино“, доколку не биде пуштен на слобода, јавува ТВ РТ.Според локалните медиуми, осуденикот е од албанска националност Алкет Ризај, кој како заложници држи четворица затворски чувари и двајца затвореници, а вооружен е со рачна бомба и ножеви.На фотографијата која успеал да ја направи друг затвореник се гледа како Ризај стои пред заложниците, а тие имаат лисици на рацете.На местото на инцидентот стигнале засилени полициски сили, а доведен е и адвокатот на Ризај, кој учествува во преговорите.Ризај (36), кој во 2003 година поради убиство е осуден на доживотен затвор, до сега два пати успева да избега од затворот „Коридалос“, затвор со максимално обезбедување.Двата пати, 2006 и 2009 година, побегнал со хеликоптер, кој него и уште еден затвореник Василис Палеокостас ги собрал од затворскиот двор.
Макфакс Еден затвореник во грција, познат по две успешни бегства од затвор, заробил шестмина заложници и се закану

Пронајдете не на следниве мрежи: