Затворска казна од 4 години му се заканува на возачот што прегази 19-годишно момче

Возачот кој прегази и усмрти 19-годишно момче бил пијан, во крвта му биле утврдени 2,43 промили алкохол, а сега се соочува со казна затвор од најмалку 4 години. Одреден му е куќен притвор и одземена му е возачката дозвола.Кривичната пријава за сообраќајна несреќа од 20 октомври годинава, кога возач на патничко возило удри во сега починатото деветнасетгодишно момче Х.К., во Основното јавно обвинителство Скопје пристигна на 8 ноември.
Надлежен јавен обвинител веднаш започна со дејствија во насока на прибирање на податоци и утврдување на фактите. Донесена е Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за сторено кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, за кое може да се добие затворска казна од најмалку 4 години.
Побаран е извод од крим евиденција за осомниченото лице кое управувало со моторното возило, наредено е сообраќајно техничко вештачење и прибирање на потребни податоци. Надлежниот обвинител веднаш ги повика за давање исказ лице сведок на настанот и осомниченото лице.
Од досега преземените дејствија утврдено е дека во моментот на случувањето на сообраќајната несреќа осомниченото лице го управувало возилото со 2,43 грам промили алкохол во крвта и со неприлагодена брзина.
Ценејќи дека се исполнети законските основи, како и дека има потреба за непречено водење на истрагата, надлежниот обвинител до судот достави Предлог за определување на мерка – куќен притвор за осомниченото лице и Мерки на претпазливост – Одземање на возачка дозвола и Забрана за издавање нова возачка дозвола за осомниченото лице. Предложените мерки беа прифатени од судијата на претходна постапка со донесување на Решение од Основниот суд Скопје 1 Скопје.Кривичната пријава за сообраќајна несреќа од 20 октомври годинава, кога возач на патничко возило удри во сега починатото деветнасетгодишно момче Х.

Пронајдете не на следниве мрежи: