Заврши единственото Бар шоу: Осмо државно првенство на бармени во Македонија

Здружението на Бармени на Македонија вчера во одлични услови во нај туристичкиот град Охрид го завршија 8. Државно првенство на бармени кое се одржуваше во Кафе бар Ликвид. Вкупно 18 натпреварувачи од цела Македонија, се бореа за титулата Бармен на Македонија.Условите за работа на Бармените, поставени според светските стандарди на IBA (International Bartenders Association), им овозможија на 16 момци и 2 девојки да ја претстават сопствената креација на рецептури пред интернационалното жири составено од: Никола Мердовиќ – Секретар на Здружението на Бармени на Црна Гора во улога на Официјален судија на натпреварот, Рајко Мијач – Претседател на Здружението на Бармени на Црна Гора во улога на судија на првенството, како и Веселин Чаваркапа – актуелен шампион од Црна Гора, како член на комисија за оценување. Македонското жири го сочинуваа Јовица Наков – дел од бордот на Асоцијацијата на Бармени на Македонија и Сашо Граматиковски – Декан на факултетот за Туризам и менаџмент од Скопје.

Осумнаесетте учесници кои беа дел од квалификациите, се оценуваа според неколку критериуми: техника на изведба на класична подготовка на коктел (оценувано од технички судии), работа со барски прибор, хигиена при подготовка и бар простор, декорација, контакт со публика од сцена, ниво на позитивна енергија, и secret tasting (тајно оценување на вкус позади сцена). Во квалификациите, натпреварувачите подготвуваа два коктела.

Од сите пријавени учесници, според оценките на стручното жири, дванаесет од нив во финалето се бореа за титулата Бармен на Македонија за 2015. Во финалето, критериумите и оценките се исти, а се пренесуваа поените во техника од квалификациите, додека судиите за оценување на вкус беа променети.

Финалистите беа поделени во 4 групи по тројца натпреварувачи на сцена. Веднаш по претставувањето на финалистите во класична подготовка на коктели, се претстави единствениот натпреварувач во категоријата Флертендинг (акробациски движења и елементи на жонглирање со барската опрема).
Победниците во класична подготовка на коктели се:
1. место: Методи Перунковски 176 поени – коктел Selfie
2. место: Никола Јосески 171 поен – коктел Lake of Bubbles
3. место: Васил Пеевски 168 поени – коктел Ruby Royal
Победник во категорија флертендинг:
1. место: Александар Бошев – коктел Tropic thunder
Првопласираните Методи Перунковски и Александар Бошев, со нови рецептури, ќе го претставуваат Здружението на Бармени на Македонија на World Cocktail and Flairtending Competition во Софија, Република Бугарија од 10 – 15 октомври во Кемпинкси Хотел.

-Во рамките на Државното првенство во Охрид, се одржи и едукативен семинар, за учесниците, а би рекол дека станува збор за спектакл поради тоа што самата презентација не може да се опише, мора да се доживее. Темата беше Мастерклас Diageo Reserve by Soul Shakers. Бармените од Македонија ја имаа таа чест по втор пат да ги откријат тајните на првиот победник на Diageo Reserve World Class, Аристотелис Пападопулос и Никос Арсланоглу, учесник на Diageo Reserve World Class. Целта на семинарот е да се едуцираат натпреварувачите за вискито воопшто, како и да се разбијат табуата дека вискито се пие само чисто – изјави Дарко Ангелески, претседател на Здружението на Бармени на Македонија.Условите за работа на Бармените, поставени според светските стандарди на IBA (International Bartenders Association), им овозможија на 16 момци и 2

Пронајдете не на следниве мрежи: