ЗБЕСНА: Погледнете како Вавринка ѝ се развика на сопругата на Федерер

Мирка Федерер, во текот на одлучувачките поени во финишот од третиот сет, му дофрлуваше на Вавринка и на тој начин го деконцентрирала. Така му помогна на нејзиниот сопруг да дојде до победа.Сопругата на најдобриот швајцарски тенисер, Роџер Федерер, го деконцентрираше Станислав Вавринка на полуфиналниот меч од завршниот турнир на сезоната во Лондон.
Федерер успеа да оствари победа, иако Вавринка имаше четири меч топки. Некои светски медиуми ги наведуваат изјавите на фоторепортерите дека Мирка Федерер во еден момент гласно викнала „аут“, по сервисот на Вавринка.
Вавринка го слушнал тоа, се изнервирал и му викнал на Федерер:
„Таа го направи истото и на Вимблдон!“
Федерер и Вавринка подоцна имале жестока расправија, а Швајцарците са грижат како сето тоа ќе се одрази на претстојниот меч од финалето на Дејвис купот, кога Швајцарија ќе игра против Франција.
Сопругата на најдобриот швајцарски тенисер, Роџер Федерер, го деконцентрираше Станислав Вавринка на полуфиналниот меч од завршниот турнир на сезона

Пронајдете не на следниве мрежи: