Жбогар & Company советуваат!

Љубомир Цуцуловски  напиша објава на Фејсбук во кој ја изразува загриженоста  за ситуацијата во која се наоѓа нашата држава  и  за вмешаноста на странскиот фактор во решавањето на проблемите.„ПРАКСА И ВЕТУВАЊА. Жбогар & Company советуваат Македонија да формирала Влада која одлучно ќе ја повела Државава по патот кон Европската Унија, што е пријатно да се чуе, особено за секое нежно увце. Само што, како по обичај, и овој совет повлекува со себе барем неколку недоумици. Зошто, на пример, Обединетото Кралство не беше советувано од ценетите Жбогар & Company да формира Влада, кое ќе го задржи во ЕУ, туку се случи обратното: Обединетото Кралство ја напушти ЕУ. Притоа, од компанијата Жбогар & Company велат дека членството во ЕУ и НАТО ќе ѝ обезбедело на Република Македонија долгорочна стабилност и мир. Ако е така, ако членството во овие организации навистина обезбедува долгорочен мир и безбедност, тогаш како ќе го објаснат воениот судир помеѓу Грција и Турција од 1974 година – инаку, и двете членки на НАТО уште од 1952 – воден за распарчување на Кипар и зошто Кипар, веќе поделен, го примија во ЕУ? Работата не е само во тоа широкоградо, како од ракав, да се сипаат совети, туку и да се делува во согласност со сипаните (или, можеби, ра/сипаните?) совети. Меѓутоа, проблемот е што ЕУ и НАТО само советуваат и ветуваат, додека во праксат делуваат спротивно од она што го ветуваат и советуваат. Претходнава оцена не ја потврдува само моето, или чие било друго мислење, туку неа ја потврдува (што е и најбитно!) нивното практично однесување. Односно, да бидам појасен, дали ветеното е нешто лажно или вистинито не бара своја потврда во теоријата (советувањата и ветувањата), туку во самата пракса. А токму во праксата се потврдува дискрепанцијата помеѓу она што ЕУ и НАТО го ветуваат и она што стварно го остваруваат. Со други зборови, политиката не е теориско, туку битно практично прашање, прашање на самата пракса. Во праксата, а не во искажаната „добра“ волја, се проверуваат ветувањата.P.S. И овој пост, на свој начин, е дел од претходнита два поста.“, напиша Цуцуловски  „ПРАКСА И ВЕТУВАЊА. Жбогар & Company советуваат Македонија да формирала Влада која одлучно ќе ја повела Државава по патот кон Европската

Пронајдете не на следниве мрежи: