Жбогар очекува реакција од Брисел и деблокада на грчката граница

Евроамбасадорот Самуел Жбогар денеска изјави дека ЕУ и Брисел внимателно го следат проблемот со блокадата на граничнот премин Евзони од страна на грчките земјоделци и очекува дека во најскоро време ќе следи реакција и обид за негово трајно решавање.Тој за овој проблем денеска при посетата на општина Гевгелија разговарал и со градоначалникот Иван Франгов, кој неодамна и преку писмо испрати барање за посредување и помош од ЕУ за деблокирање на границата,  затоа што, како што посочил, огромни се штетите што ги трпат и двете страни, а посебно Македонија и Гевгелија.
– Имам сознание дека двете влади се обидуваат да најдат начини како да го олеснат овој проблем  со пренасочување на сообраќајот преку Дојран и Битола. Исто така добив информација дека добра кои се со ограничен рок на траење ќе бидат дозволено да се пренесат преку овој гранчен премин. ЕУ и Брисел внимателно го следат овој проблем и очекувам дека во најскоро време ќе следи реакција и обид за трајно решавање на овој проблем, рече Жбогар одговарајќи на новинарско прашање при посетата на Гевгелија.
Запрашан за почитичката ситуација во земјата, евроамбасадорот само кратко одговори дека е оптимист, дека ќе се реши политичката криза во земјата и дека наскоро ќе се соберат потребните 61 потпис за формирање на влада во Македонија.Тој за овој проблем денеска при посетата на општина Гевгелија разговарал и со градоначалникот Иван Франгов, кој неодамна и преку писмо ис

Пронајдете не на следниве мрежи: