ЗБОГУВАЊЕ СО ЛЕГЕНДАТА: Почина Дејвид Боуви!

Дејвид Боуви почина на 10. јануари во својот дом во 69. година од животот во кругот на семејстовто по храбрата 18-месечна борба со ракот, беше објавено на Фејсбук страницата на познатиот рок музичар.- Дејвид почина денес во мирна околина опкружен со неговата фамилија, откако 18 месеци се бореше со ракот. Знаеме дека многумина ќе сочувствувате, но ве замолуваме да ја почитувате приватноста на неговото семејство, стои во известувањето на официјалните профили на Дејвид на социјалните мрежи.
За време на неговата 40-годишна кариера, влијателниот текстописец и продуцент се занимаваше со рок, соул, хард рок, денс поп, панк и електронска музика. Неодамна, поточно на денот на неговиот роденден, 8 јануари, тој го објави својот последен 25-ти албум, „Blackstar“.
Најголемиот подем на Дејвид се случи во 1972 година со The Rise and Fall of Ziggy Stardust and the Spiders From Mars, албумот кој го вивна високо. По три години се искачи на првото место со песната „Fame“. Останати хитови по кои ќе го паметиме овој легендарен пејач се: „Let’s Dance“, „Space Oddity“, „Heroes“, „Changes“, „Under Pressure“ и многу други.- Дејвид почина денес во мирна околина опкружен со неговата фамилија, откако 18 месеци се бореше со ракот. Знаеме дека многумина ќе сочувствувате,

Пронајдете не на следниве мрежи: