ЗДРАВ КАКО ЛАВ: „Геофарм“ го претстави новиот бренд Dr LEO BABY

Производите од брендот Dr LEO BABY се направени според највисоките стандарди за квалитет, а зад нив стои компанијата „Геофарм“, која е сертифицирана од TÜV Германија, една од најеминентните сертификациони компании која постои повеќе од 145 години
Врвен квалитет, стандардизирано производство со квалитетна активна состојка и рок на траење од три години се главните карактеристики на Dr LEO BABY: Билјана Стефаноска, медицински претставник на брендот на вчерашното претставување во Тетово
Под слоганот „Здрав како лав“, компанијата „Геофарм“, вчера и официјално го претстави својот нов бренд, Dr LEO BABY, во чија палета влегуваат Dr LEO BABY D3+K1 и Dr LEO BABY DHA Omega, храна за посебна медицинска намена препорачана од педијатрите за новороденчиња, доенчиња и мали деца.
Во опуштена атмосфера и присуство на повеќе педијатри беше потенцирано дека она што го разликува Dr LEO BABY од другите конкуренти е врвниот квалитет, кој е на прво место, стандардизирано производство со квалитетна активна состојка и рок на траење од три години.
Како доказ за квалитетот, „Геофарм“ е сертифициран од TÜV Германија, која е една од најеминентните сертификациони компании која постои повеќе од 145 години. Оттука, потрошувачите може да бидат спокојни – производите од брендот Dr LEO BABY се направени според највисоките стандарди за квалитет. „Геофарм“ е составен од тим на експерти и професионалци од областа на медицинскиот маркетинг, и посветени специјалисти со експертиза насочена кон здравјето на потрошувачите. Опремени во согласност со ИСО 9001:2015, ХАСАП и ГМП стандардите и со стратешка определба за производство на производи со највисок квалитет кои ги задоволуваат строгите домашни и европски стандарди и регулативи, компанијата освен на домашниот пазар го проширува своето присуство на многу меѓународни пазари со својот бренд, како и со производи под други компаниски брендови.
„Со цел континуирано да ги следиме потребите на нашите клиенти и како резултат на континуираното вложување во истражување и развој на нашите капацитети, ние ја создадовме нашата производна линија од брендот Dr LEO и Dr LEO BABY“, велат од „Геофарм“.
Повеќе прочитајте на pedijatar.mk
Пронајдете не на следниве мрежи: