Многу сум среќен и задоволен што снимивме еден ваков спот…Денеска во Скопје, во управната зграда на Македонски Телеком се случи промоција на најновиот спот на најдобриот пејач на сите времиња Здравко Чолиќ. Новиот спот, кој е снимен за насловниот сингл од новиот албум „Ватра и барут“ е целосно снимен во Македонија, на неколку локации во Охрид и Скопје.
Во видеото, покрај Чолиќ, како специјален гостин се појавува и македонската музичка легенда Влатко Стефановски, а своја улога има и моделот Натали Грубовиќ. Спотот е во продукција на Лемон маркетинг, во соработка со Томато продукција, продуцент е Бане Поповиќ, а режијата му е доверена на Игор Иванов – Изи.
На промоцијата околу самиот спот и неговата реализација, покрај Здравко Чолиќ зборуваше и Влатко Стефаноски, за тоа како паднале договорите да тој и Никша Братош учествуваат на новиот албум на Чолиќ, Никша како аранжер, а Влатко како гостин во две песни.
„Многу сум среќен и задоволен што снимивме еден ваков спот, толку убав и светол. Сосема сум задоволен со целата реализација, како и поради фактот што со спотот ги промовираме двата македонски бисери, Скопје и Охрид. Слушнав дека Раде Шербеџија добил македонско државјанство, мислам дека јас многу пред него го имам заслужено со тоа колку пати сум бил тука и колку ја сакам Македонија. Мислам дека овој спот заслужува да биде пуштан рамо до рамо со спотовите на MTV i VH1“ – вели легендарниот Чола.
На самата промоција, покрај голем број новинари, телевизиски екипи, се појави и голем број колеги и познати фаци. Меѓу присутните беа Даниел Кајмакоски, Мики Јовановски Џафер, Александар Тарабунов, Весна Петрушевска.
Погледнете го новиот видео спот:
Денеска во Скопје, во управната зграда на Македонски Телеком се случи промоција на најновиот спот на најдобриот пејач на сите времиња Здравко Чолиќ



