Жељко: Го носам Даниел во победа!

„Даниел е веќе ѕвезда одиме на победа“!Човекот што во вторникот ја подели македонската јавност со ненамерниот гаф во „Х-фактор“ денеска ќе одржи концерт токму на наш терен, во Охрид, во спортската сала „Билјанини извори“. Еден од најпопуларните пејачи чии рефрени се хитови во сите поранешни ју-републики, со задоволство зборува за македонските кандидати Даниел и Фифи, за споредбата со Сајмон Kауел и за своите фаворити во најгледаното музичко шоу. 
Даниел Kајмакоски, преку ноќ стана ѕвезда. Kолку е тоа добро за еден изведувач?- Навистина Даниел уште сега е ѕвезда и тоа со причина. Има с` што е неопходно за таа ласкава титула и одиме на победа. Секако дека популарноста стекната преку ноќ лесно може да биде и речиси еднакво штетна, но тој е силна личност и верувам дека и понатаму со двете нозе е на земја.Што мислевте за него во почетокот, а што сега, кога секојдневно работите и вежбате?- Ги ценам неговата посветеност и упорност, желбата за учење, а тоа кај него го забележав кога почнавме да поминуваме повеќе време заедно. Тие се всушност најважните елементи за успех и најважните особини кај еден уметник, секако покрај неговиот талент.

Што најмногу почитувате кај македонскиот фаворит за победа, а за што најмногу му забележувате?- Даниел е талентиран, скромен и многу работлив. Мене ми останува да го поддржам да остане таков.Фифи останаУште еден македонски кандидат во „Х-фактор“ е Фифи. Го променивте ли мислењето во меѓувреме? Што воопшто мислите за него?Само ќе потсетам дека с` уште се натпреварува и покрај мојот првичен коментар. Веќе сме во завршницата на ова шоу, кога пресуден е гласот на публиката и нејзиниот став за тоа кој има, а кој не Х-фактор.
Повеќе на ДневникЧовекот што во вторникот ја подели македонската јавност со ненамерниот гаф во „Х-фактор“ денеска ќе одржи

Пронајдете не на следниве мрежи: