Жељко Јоксимовиќ:Волонтер на хуманитарен караван во Скопје!

 Жељко Јоксимовиќ ќе одвои време за да се дружи со децата како и да им подари пригодни подароци и се разбира влезници за неговиот концерт…За одбележување на овој ден на просторот пред спомен куќата на Мајка Тереза во Скопје ќе бидат поставени тенди, масички и столчиња на кои 50-60 деца со поддршка на волонтерите ќе реализираат креативни работилници.
Помеѓу волонтерите, своето присуство го потврди и српската ѕвезда Жељко Јоксимовиќ кој ќе одвои време за да се дружи со децата како и да им подари пригодни подароци и се разбира влезници за неговиот концерт закажан за 21 јуни во организација на План Б Продукција.
По самиот настан, со поддршка на волонтерите на Црвен крст, ќе се реализира хуманитарен караван со кој ќе се посетат неколку инсистуции кои згрижуваат деца и млади.
За сите нив ќе има слатки подароци од генералните спонзори на концертот, Фриком и Витаминка и дружба со балканската ѕвезда Жељко Јоксимовиќ за едно сосема поинакво искуство во нивниот престој. 
Караванот ќе се движи според следниот распоред:

 
09:00 Специјално училиште Златан Сремац 
10:00 Специјално училиште за деца и млади со оштетен вид Димитар Влахов
11:00 Централен хепенинг пред спомен куќа на Мајка Тереза
12:00 Дом за деца без родители 11 Октомври
12:40 Дневен центар за церебрална парализа Капиштец
13:30 Специјално училиште за млади со оштетен слух Партение Зографски
14:30 СОС Детско село
Со посетата на СОС Детското село, Јоксимовиќ ќе го заврши овој хуманитарен караван чија цел е да ја разубави оваа инаку вообичаена среда. Во меѓувреме, ќе најде простор и време да се посвети и на прашањата на македонските новинари како и да соопшти нови детали пред големиот спектакал закажан за 21 јуни на Националната Арена Филип Втори.
Јоксимовиќ инаку познат по својата хуманитарна работа во Србија, најави дека е вистинско задоволство пред концерт да им ги разубави времето и на сите овие луѓе, но и да најде начин истите насмеани лица да ги види и на големиот концерт на Филип Втори.
Вечерта пак, со почеток во 19.00 часот, Јоксимовиќ ќе се дружи и со сите останати фанови кои што во тој момент ќе се најдат во Skopje City Mall. Цедиња, фотографии, автограми и отворена покана слична таква дружба да се случи и на 21 јуни.  За одбележување на овој ден на просторот пред спомен куќата на Мајка Тереза во Скопје ќе бидат поставе

Пронајдете не на следниве мрежи: