Земјоделци го блокираа патот Росоман- Прилеп

Регионалниот пат Росоман – Прилеп кај пазарот во Росоман утринава од 09:45 часот е блокиран од страна на земјоделци кои се незадоволни од откупот на праски.Ваквата реакција доаѓаа откако 10 килограми праски се откупуваат по багателна цента од 50 до 60 денари, што според овоштарите не може да се покрие ниту производствената цена. Тие се надеваат дека новата Влада ќе преземе некои мерки за да на некој начин се компензира оваа сезона.
Додаваат дека извозот е многу мал, порано во најголем дел праските оделе за Русија, а сега и тоа што се извезува е по многу ниска цена.

Земјоделците вчера ги најавија блокадите на патиштата за денеска, а ќе траат секој ден се до конечно исполнување на барањата. Патот денеска е блокиран од страна на 50-тина земјоделци со 10 трактори, а сообраќајот, како што соопшти Авто мото сојузот на Македонија, се пренасочува по споредни патишта.
Дека овоштарите се незадоволни од откупната цена и продолжуваат да го фрлаат овогодинешниот род на праската, покажа и оваа видео снимка која беше испратена до нашата редакција и која ја објавивме пред неколку дена.
Ваквата реакција доаѓаа откако 10 килограми праски се откупуваат по багателна цента од 50 до 60 денари, што според овоштарите не може да се покрие

Пронајдете не на следниве мрежи: