Земјоделци го блокирале патот Велес- Штип, во одбрана на државата

Loading...

Получасовна блокада со трактори и приколки на патот Велес-Штип, кај Свети Николе организираа попладнево змејоделците од Лозово и од Свети Николе, јави Канал 77. Додека тракторите со македонските знамиња и знамињата со звездата од Вергина се испречија на регионалниот пат, возачите чекаа од двете страни, без можност да го продолжат патувањето.
Протестот, како што рекоа, е спонтан собир поради најавеното воведување на двојазичност на целата територија на државата и загрозената унитарност. Од име на иницијативата „За заедничка Македонија“ беше прочитан проглас.
Земјоделците најавија дека деновиве ќе ги радикализираат протестите доколку се остварат најавените промени на државно ниво.
По получасовната блокада, тракторите беа тргнати, а сообраќајот нормализиран.Додека тракторите со македонските знамиња и знамињата со звездата од Вергина се испречија на регионалниот пат, возачите чекаа од двете страни, без

loading...