Земјоделците очекуваат реални мерки и проекти од СДСМ

Земјоделците очекуваат реални мерки и проекти од СДСМ, наведува ВМРО-ДПМНЕ во писмена реакција на изјавата на министерот за земјоделство Љупчо Николовски во која најава дека ќе се преиспитуваат ефектите од досегашната распределба на земјоделските субвенции.Николовски наместо да се однесува како опозиција и да смислува разно разни изговори треба да се зафати со работа и да отпочне со реализирање на ветеното. Да излезе на терен и да отпочне да ги решава проблемите на земјоделците, се вели во рекацијата на ВМРО-ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ апелира под итно да се донесат мерки за условен увоз на пченица и да се продолжи со дополнителна поддршка од најмалку 6.000 денари на 1 ха за пченицата.
Според ВМРО-ДПМНЕ, земјоделците од Николовски очекуваат и да исплати надомест на штетата од последните непогоди.
Во реакцијата ВМРО-ДПМНЕ, потсетува дека претходната влада исплатила 5.5 милиони евра за штети во Пелагонија, Штипско, Струмичко, Полог и 2016-та во Стајковци, Скопско преку 3 милиони евра во 100 проценти од проценетата штета.Николовски наместо да се однесува како опозиција и да смислува разно разни изговори треба да се зафати со работа и да отпочне со реализирање на вет

Пронајдете не на следниве мрежи: