Жена ја обвинува играта „Покемон гоу“ за мешање во нејзиниот приватен живот

Жителка на канадската провинција Алберта ја тужи компанијата „Ниантик АД“, која ја создаде играта „Покемон гоу“ за мешање во нејзиниот приватен живот, соопшти телевизијата Си-Би-Си.Барбара Лин Шефер, жителка на малиот град Торинтон, ги обвинува авторите на играта за тоа дека преку играчи-ловци на Покемон, се нарушува нејзиното право на неприкосновен приватен живот.
„Погледнувам низ прозорецот среде ноќ и гледам играчи кои ги налутија кучињата и коишто почнаа да лаат. Минатата недела добивме предупредување од полицијата дека нивното лаење им пречи на соседите“ – вели таа.
Шефер инсистира компанијата „Ниантик АД“ да ги отстрани координатите на нејзиниот дом од видео играта.
„Отстранете нѐ од своите карти и од вашата игра“ – изјави Шефер.
Ова не е прв случај на човек кој се налутил на „Ниантик АД“. Пред една недела, маж од САД најави дека ќе ја тужи компанијата.
Причината е дека десетици „ловци“ на Покемони се собирале пред вратата на неговиот дом постојано, секој ден барем петмина од нив дури тропале и сакале да влезат во неговиот дом.
Според тужителот, компанијата покажала „срамно занемарување при предвидувањето на ефектите за луѓето во реалниот свет од виртуелната игра.“Барбара Лин Шефер, жителка на малиот град Торинтон, ги обвинува авторите на играта за тоа дека преку играчи-ловци на Покемон, се нарушува нејзиното

Пронајдете не на следниве мрежи: