Пејачот Владо Георгиев на есен ќе стане татко, а неговата девојка Милица Самарџија се наоѓа во четвртиот месец од бременоста.Kако што пренесува магазинот „Хело“, кантавторот Владо Георгиев кон крајот на август или почеток на септември ќе стане татко.
Наследникот на заколнатиот ерген ќе му го подари манекенката Милица Самарџија.
Владо и 14 години помладата Милица се запознале пред три години на снимањето на неговиот нов спот на песната „Искрено“ кадешто таа имаше глумено.
Од тогаш со неколку прекини трае нивната љубов.



