Женската фудбалска селекција беше поразена во Бугарија

Првото коло на развојниот турнир на УЕФА за фудбалерки до 18 години заврши, а нашата репрезентација во оваа конкуренција доживеа несреќен пораз од Бугарија со резултат 0:1.Македонија беше многу подобар противник од селекцијата на Бугарија, но непишаното правило за пропуштените шанси ги стигна и нашите девојки, па во самиот финиш го загубија натпреварот.
Стрелец на голот за селекцијата на Бугарија беше Лора Димитрова. Оваа млада селекција ја очекува квалификациски турнир во септември кој ќе се одржи во Португалија, а на него ќе настапат и селекциите на Русија и Белорусија.
„Задоволен сум од играта, но не и од резултатот. Фудбалерките одиграа добар натпревар. Имавме многу шанси, но за жал на крајот примивме гол“, изјави селекторот Астрит Мерко.
Дознајте повеќе на sport365.mkМакедонија беше многу подобар противник од селекцијата на Бугарија, но непишаното правило за пропуштените шанси ги стигна и нашите девојки, па во с

Пронајдете не на следниве мрежи: