Жерновски ги батали неисчистените улици во Центар и замина во Боровец

Откако ги батали неисчистени и замрзнати улиците во Центар, градоначалникот Андреј Жерновски замина да прослави Стара нова година, но не во некоја од кафеаните во своите прескапи боемски сокаци, туку на чист воздух на Боровец, во Бугарија.Викендов на градоначалникот не му беше приоритетно управувањето со општината ниту тоа што жителите на Центар се револтирани што мораат самите да се справуваат со снегот и мразот на улиците, туку да се опушти во луксузниот хотел „Рила“, кој располага со затворен базен, сауни, повеќе спортски терени и игралишта и слични содржини.
Додека Жерновски безгрижно дише свеж планински воздух, во Македонија не спласнува интересот на јавноста колку чинат преплатените боемски улици, единствените „проекти“ на градоначалникот.  Жерновски е единствениот градоначалник кој им пружи на центарци за уживање 270 метри боемска улица која чини неверојатни 710.000 евра или за секој метар од оваа боемска улица галантниот градоначалник платил по 2629 евра за обичен бекатон.

Преспиениот мандат и неработењето на Жерновски кулминираше со уредувањето на втората боемска улица од 270 метри, улица која чини колку 3 градинки во општина Центар.
Според јавната набавка која ја склучила општина Центар проценетата вредност на договорот била 39.661.017  денари, додека пак целосната сума која е исплатена изнесува 43.632.737 денари или 4 милиони денари повеќе. Граѓаните заслужуваат Андреј Жерновски да им објасни на каде се потрошени тие 4 милиони денари.
За да биде уште поспектакуларна Боемската улица 2, Жерновски за уредување на дрворедот платил дури 860.000 денари, а колку од даноците што ги плаќаат граѓаните отишле на спектакл со увезени тамбураши се уште е мистерија.
Навиките кај Андреј Жерновски очигледно не се промениле. Исто како и за претходната Боемска улица, така и за оваа Андреј Жерновски потроши огромни суми на пари. Двете боемски улици чинат повеќе 1.2 милиони евра, изделени од џебот на центарци.
Со овие пари Жерновски можеше да реализира капитални проекти како градинки, улици, комунални системи и слично. Но, ништо од тоа.
Жерновски, покажа и докажа дека нему не му се важни граѓаните и нивните потреби. Нему му се поважни Боемските улици, тамбурашите, диџеите и секако скијањето на Боровец.Викендов на градоначалникот не му беше приоритетно управувањето со општината ниту тоа што жителите на Центар се револтирани што мораат самите да се

Пронајдете не на следниве мрежи: