четврток, 26 ноември 2026
Најново

Жерновски пред две години го клеветеше Самсоненко, денес од Келн се улижува!

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Човекот кој сакаше да ја запре изградбата на младинската академија на ФК „Вардар“, истиот оној кој ја лажеше јавноста дека северната трибина на арената „Филип Втори“ ќе се урнела, и истиот оној безрбетник кој фрлаше со дрва и камења по сопственикот на РК „Вардар“ Сергеј Самсоненко, денес се пофали дека бил во Келн на полуфиналето во кое Вардар ја совлада БарселонаПред две години, мрзоволниот Жерновски со евтина политичка пропаганда се обиде да фрли црна дамка врз работата на „Вардар“ и Самсоненко, критикувајќи ја инвестицијата во младинската академија во која инвестираше спортскиот клуб „Вардар“.
Според Жерновски, Самсоненко бил криминалец кој ја купил парцелата за ниска цена, иако никој на посочениот тендер на кој се продавала парцелата на која денес се наоѓа младинската академија не понудил повисока цена.
Тогаш, од „Сиз Балкан“ компанијата која ја купи парцелата, му понудија на Жерновски да најде некој кој ќе понуди повисока цена за просторот кај Арената Филип Втори, тие ќе му го дадат проектот за градба бесплатно.
Секако, Жерновски не одговори, бидејќи се работеше за евтина пропаганда.
Денес, истиот тој безрбетник, бесрамно се улижува кај Самсоненко, славејќи ја победата и давајќи признание на раководството на клубот.Пред две години, мрзоволниот Жерновски со евтина политичка пропаганда се обиде да фрли црна дамка врз работата на „Вардар“ и Самсоненко

Поврзани вести