среда, 11 ноември 2026
Најново

Жерновски се слика, а улиците во Центар лизгалиште и затрупани со снег!

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Поминаа точно 24 часа од објавувањето на телефонскиот број на кој можеа граѓаните на Општина Центар да пријават за општинските служби да дојдат и го исчистат снегот. Сепак, Жерновски само се пофали, но нема никакво дејство. Центарот на градот личи како некоја паланка.-Еве поминаа 24 часа откако се јавив да ја исчистат улицата. Колку ли им треба, живеам на 100 метри од општината. Нема реакција, вели Стојан Трпевски од скопско Дебар Маало.
Иста е ситуацијата и со другите улици. „Титовелешка“, „Преспанска“ и останатите се нечепнати од службите на Жерновски. Граѓаните револтирани мрзнат на минусните температури и сами го чистат снегот.

Толку рекламираната и преплатена „Боемска“, во која Жерновски за само еден метар вложи 2629 евра пари на граѓаните личи на ски падина и е тешко проодна.
-Од утринава до сега најмалку десетина луѓе паднаа на мразот. Чиста среќа е што нема никој до сега потешко повреден, вели граѓанин на Дебар Маало во Општина Центар.
Од друга страна, Жерновски продолжи и денеска да се фали како дејствувала општината, но од тоа нема ништо во реалноста.

-Еве поминаа 24 часа откако се јавив да ја исчистат улицата. Колку ли им треба, живеам на 100 метри од општината. Нема реакција, вели Стојан Трпевс

Поврзани вести