ЖЕШКО: На оваа Русинка и е забрането да танцува со женети мажи!

Кристина Риханоф растурила три врски на нејзините партнери за танцување во шоуто „Strictly come dancing“. Затоа таа повеќе нема да добива партнери кои се зафатени.Замислете ја ситуацијата: имате сопруг или дечко, со кој долго време сте заедно. Тој е ѕвезда и му нудат да учествува во шоу за танцување. Со месеци тренира да ги усоврши движењата и ги поминува деновите со партнерката, вежбајќи ги чекорите. Малку по малку, тие двајца се заљубуваат и партнерот ве остава за да започне врска со неа. Токму ова им се случуваше на жените чии партнери танцувале со Кристина Риханоф (37).
Русокосата Русинка е толку популарна, што нејзините обожаватели го гледаат шоуто само поради неа. Таа има цела историја на растурање на врски зад себе, што ги натерало и вработените од ВВС да реагираат – убавицата од сега ќе танцува само со самци.
– Мажите кои учествуваат во шоуто и претходно имале проблеми со нивните партнерки, но Кристина ги поттикнала да го преземат и последниот чекор – да ги остават партнерките, изјавил изворот од ВВС. Истиот извор додаде дека продуцентите ја известиле Кристина за својата одлука и дека таа воопшто не се противела.

Мажите кои се „сплеткаа во нејзината мрежа“ се Џо Калзаге (42) и Винсент Симон (35). Винсент е професионален танчар кој не успеа да и оддолее на Кристина, а Џо е пензиониран боксер. И двајцата поради неа ги оставија девојките.
Минатата година, таа танцувала со рагбистот Бен Кохен (36), кој неодамна објави дека се разведува од сопругата Еби, со која биле заедно 11 години. Мајката на Еби го видела Кохен како се гушка со Кристина во подземната железница.
Замислете ја ситуацијата: имате сопруг или дечко, со кој долго време сте заедно. Тој е ѕвезда и му нудат да учествува во шоу за танцување. Со месец

Пронајдете не на следниве мрежи: