Зетот на Циц нелегално изнесувал кеш кон Србија- во моментов е задржан од српската Царина

Виктор Петрушевски, зет за ќерка на кумановскиот градоначалник Зоран Дамјановски- Циц во моментов е задржан на граничниот премин Табановце од страна на српските царински служби, кога сакал да ја помине државната граница со луксузно возило Ауди со кумановски таблички, објави порталот Журнал.нет.Луксузното Ауди А7 кое го управувал Петрушевски е регистрирано на име на лизинг компанијата. Од српската царина добивме потврда за случајот, но се уште немаме официјална информација зошто е задржан и која е позадината на случајот.
-Неофицијално дознаваме дека Петрушевски се обидел да изнесе поголема сума на пари во готово од Македонија и истите да ги внесе во Србија. Која му била целта и дали ваквата операција ја изведува за прв пат, засега нема сознанија. Неофицијално, зетот на Дамјановски се обидел да пренесе 20.000 евра во готово заобиколувајќи ги царинските процедури и во Македонија и во Србија, пишува Журнал.
Дежурните цариници од македонска страна, според првичните информации кои ги добивме од Табановце, не забележале нисто. По завршување на целосната постапка од српска страна се очекуваат повеќе детали за случајот.
-Инаку, зетот на Дамјановски е близок пријател со повеќе функционери на СДСМ, така што останува отворено прашањето дали станува збор и за негови пари во готово или пак на некој негов близок, пишува порталот.Луксузното Ауди А7 кое го управувал Петрушевски е регистрирано на име на лизинг компанијата. Од српската царина добивме потврда за случајот, но се

Пронајдете не на следниве мрежи: