Зетот на Осама бин Ладен ги отфрла обвинувањето за тероризам

Зетот на Осама бин Ладен, Сулејман Абу Гејит, кој на видеоснимката направенана 12-ти септември 2001 година, ден по терористичкиот напад врз САД, се појавува во друштво на сега ликвидираниот водач на глобалната терористичка мрежа Ал Каеда, Осама бин Ладен и нејзиниот сегашен водач Ајман ал-Завахири изјави дека не е виновен за тероризам за што е официјално обвинет во петокот на судот во Њујорк. Четириесет и седумгодишниот Сулејман Абу Гејит, оженет за Фатима, ќерката на Осама бин Ладен, официјално е обвинет за планирање на нападите „за убивање на американски државјани“, истакнува американското министерство за правосудство. Судијата Луис Каплан нареди обвинетиот, донесен пред судот во окови и сина облека каква што носат неполитичките затвореници, „останува во притвор“ во сојузен затвор сѐ до идното рочиште закажано за 8-ми април. На Гејит му се заканува доживотен затвор. Според обвинението објавено во четвртокот, Гејит кој најмалку од мај 2011 година до крајот на 2002 година бил во служба на терористичката организација, бил „вмешан во подготовката и изведувањето на терористичкиот чин против САД, неговите граѓани, како и неговите државјани и имотот“. Тој на 12-ти септември 2001 година, ден по нападот во кој загинаа речиси три илјади луѓе во САД, одржал говор во името на Ал Каеда, додека крај него седат водачот на Осама бин Ладен, и тогашниот негов заменик Ајман ал-Завахири. Во говорот упатен на Колин Пауел, тогашниот американски секретар, се закани дека „бурата нема да стивне, како ни авионската бура“, предупредувајќи ги муслиманите, децата и противниците на САД да не се „качуваат во авионите“, според обвинението коешто во четвртокот го објави американското министерство за правосудство. Во јавноста истекоа малку информации за околностите во коишто беше уапсен Сулејман Абу Гејит. Во петокот еден од неговите адвокати изјави дека неговиот клиент 2американските агенти на безбедноста“ го уапсиле во странство на 28-ми февруари и дека на 1-ви март е преместен во Њујорк. Во четвртокот турскиот весник Hurriyet пишуваше дека Сулејман Абу Гејит, бил уапсен од агентите на американската централна разузнавачка агенција CIA во Јордан и е транспортиран во САД. Како резултат на заедничката операција на турската разузнавачка служба и CIA, Сулејман Абу Гејит беше уапсен на 2-ри февруари во еден хотел во турската престолнина Анкара. Американските власти имаат намера да го испитаат за вмешаност во активности на терористичка организација Ал Каеда, но Турција одби да го екстрадира Абу Гејит, стравувајќи од одмазда на милитантите. Турскиот суд го ослободи зетот на Осама бин Ладен, со образложение дека тој во земјата нема сторено никакво кривично дело. Повеќе од еден месец турските власти решаваа каде да го депортираат Абу Гејит, кој нема никакво државјанство. Иран, од каде што тој дојде во Турција, одби да го прифати. Било решено Абу Гејит да биде предаден на властите на Кувајт, чиешто државјанство тој го имал претходно. Агентите на CIA коишто во стапка го следеле зетот на бин Ладен, го уапсиле на 1-ви март во Јордан, а потоа со лет од Кувајт го префрлиле во САД, пишуваше весникот Неговото пасење повторно ја поттикна расправата за тоа треба ли на осомничените за тероризам да им се суди пред цивилни или на воени судови, како што е судот во американската воена база Гвантанамо на Куба. „Обвинението за Сулејман Абу Гејит покажува дека сојузните судови се најдобри за судење на случаите за тероризам“, истакна во петокот организацијата за заштита на човековите права Human Rights First. Судската расправа во петокот траеше само 17 минути и судијата изјави дека идната расправа ќе ја закаже за следниот месец“, соопшти организацијата, потсетувајќи дека читањето на обвинението за Калед Шеик Мохамед, самопрогласениот главен организатор на терористичките напади од 11-ти септември 2001 година траеше 13 часови. Републиканските парламентарни пратеници, напротив, уште во четвртокот протестираа против преместувањето на Гејит во Њујорк. Сенаторот од сојузната држава Тексас, Џон Карни ја критикуваше администрацијата на претседателот Барак Обама дека не го известила Конгресот за ова апсење. Гвантанамо, истакна Карни во својата писмена изјава, е „единственото место каде треба да ги држиме најопасните непријателски борци“
МакфаксЗетот на Осама бин Ладен, Сулејман Абу Гејит, кој на видеоснимката направенана 12-ти септември 2001 година, ден по тер

Пронајдете не на следниве мрежи: