Едита Арадиновиќ, позната како најзгодната министерка од истоимената група „Министерки“, крие голема тага.Иако имала тешко детство, Едита сепак успеала во животот. Како мала го загубила својот брат кој многу го сакала, а пред неколку години дознала и дека нејзината мајка е тешко болна.
Таа вели дека губењето на братот ја сменило од корен, а кога дознала за болеста на својата мајка пред три години, многу се плашела. Тогаш била на почетокот на кариерата со „Министерки“, а не знаела дали мајка ѝ ќе го дочека следното утро.
„Братот го изгубив на 11 години и тогаш умре дел од мене. Беше роден со Даунов синдром и не живееше долго. Не сакам да зборувам за тоа, но сите болести и трагедии ми покажаа колку е важно семејството“, вели Едита.
Нејзината мајка сѐ уште не се опоравила од загубата.
„Никогаш не се опорави, утеха сме ѝ јас и мојата сестра Инди. Добри сме и чесни и се гордее со нас, но таа загуба ништо не може да и ја надополни“, вели Едита.
Таа додава и дека пред три години кога ја стартувала кариерата која денес ѝ цути, дознала дека нејзината мајка има рак.
Музиката ѝ помогнала да се избори со тагата.Иако имала тешко детство, Едита сепак успеала во животот. Како мала го загубила својот брат кој многу го сакала, а пред неколку години дознала и де


