Зголемен ризикот за непланирана бременост за време на празниците

Празниците се време кога луѓето слават и се чувствуваат опуштено и среќно, но таа опуштеност има во себе и доза ризик. Најновите истражувања покажаа дека во време на Божиќните празници ризикот од непланирана бременост е зголемен за 51%.Имено, во време на празниците жените често забораваат да ги испијат анти-бебе пилулите или забораваат да стават заштита за време на сексуалниот однос, бидејќи ги “понесува” празничната атмосфера. Причината за тоа се зголемените дози алкохол, брзањето поради подготовките на славењето и посетата на фамилијата.
Фармацевтската куќа “LloydsPharmacy Online Doctor” интервјуираше 2.000 жени и откри дека една од шест од нив заборава да испие пилула кога е пијана, а една од седум тоа го прави поради брзање и преокупација со работа околу подготовките за Божиќ.
Според резултатите од анкетата, една од шест жени пропушта да ги испие пилулите и деновите после празниците. Околу 28% од жените не ги пијат таблетите поради тоа што отишле во посета на фамилијата или пријателите, па забораваат да ги понесат со себе.
Резултатот на тоа е 13% од нив потоа да испијат таблета, која популарно е наречена “ден потоа”, за да спречат евенутална бременост.
 Имено, во време на празниците жените често забораваат да ги испијат анти-бебе пилулите или забораваат да стават заштита за време на сексуалниот одн

Пронајдете не на следниве мрежи: