Зголемените цени на храната и горивата значат дека треба да си направите градина

Најверојатно слушнавте деновиве на вести дека цената на овошјето и зеленчукот порасна. Властите во светот за тоа најчесто ги обвинуваат кризата, војните, инфлацијата… Но дали е навистина така? 
Да погледнеме еден график од агенцијата WSJ. Како што гледате, цените на некои основни продкти бележат пораст, а се предвидува дека тој пораст ќе продолжи да се зголемува.

За ова најчесто вината се наоѓа во необично долгата зима на Истокот, но овој ценовен пораст повеќе се должи на претераната централизација на системот за храна. Кога една нација се потпира само на мал број извори на прехрамбени производи, логично е достапноста и цените на истите да варираат во зависност од временските услови во областа од каде доаѓаат.

 
Ако можете да си направите сопствена градина, или пак да посетувате локална општинска градина, нема да морате да се справувате со недостатокот на храна, или пак високите цени за истата.
На ова додадете ги и пораснатите цени за горива. Постојано во медиумите слушаме како варира цената на нафтата и природниот гас поради потешкотии и и проблеми во рафинериите. Но дали е само тоа проблемот? Зарем до сега се уште не најдоа начин како да функционираат беспрекорно, или можеби друг проблем е во прашање? Еве еден график кој ги отсликува цените на природните горива од 1979 година до денес.

Ја забележувате ли врската помеѓу цените за храна и цените за горива? Двете варираат во одреден момент од исти причини, од кои најчесто се издвојуваат временските услови и инфлацијата.

 
Значи, кога банкарите ја срушија економијата, таа била спасена на сметка на потрошувачката моќ на просечниот Американец. На тоа се додава и трошокот за војните во Ирак и Авганистан кои Америка ги загуби. Системот денес им функционира на таков начин што наместо во резерви од злато, сребро и слично, парите на просечниот Американец се слеваат во воениот буџет на војската платена да убива насекаде по светов само за да системот се одржи во живот.
Значи, цените на храната и горивата не се во пораст, туку вредноста на парите се зголемува, бидејќи се потребни на федералните резерви за да си ги отплатат империјалистичките подвизи по светот. Освен тоа, само богатите моќници имаат придобивки од целава работа. Погледнете го следниот график за тоа колку расте моќта ан богатите луѓе благодарение на новиов систем.
Затоа фатете се за работа, раскопајте го дворот и почнете да си одгледувате овошје и зеленчук за потребите на вашето семејство.
  
Да погледнеме еден график од агенцијата WSJ. Како што гледате, цените на некои основни продкти бележат пораст, а се

Пронајдете не на следниве мрежи: