Зградата на штипската библиотека ќе стане енергетски ефикасна.

Во тек е промената на старите прозори на објектот, кои не се променети од 1976 година, кога е изградена зградата.Директорката на Националната установа универзитетска Библиотека „Гоце Делчев“-Штип, Милена Ристова-Михајловска вели дека средствата за промена на прозорците ги добиле од Министерството за култура.
– Го добивме проектот, распишавме тендер и преку електронска аукција избрана е најповолна понуда. За рекордно време се променети сите прозорци, а на компанијата и останува уште да ги дозаврши градежните работи, вели Ристова-Михајловска.
Таа истакна дека целта на промената на прозорците е заштеда на енергија, а исто така ќе ги подобрат условите и за читателите, студентите и за вработените.
Штипската библиотеката од Министерството за култура доби 600.000 денари за реализација на проектов.Директорката на Националната установа универзитетска Библиотека „Гоце Делчев“-Штип, Милена Ристова-Михајловска вели дека средствата за

Пронајдете не на следниве мрежи: