Ѕирнете во внатрешноста на ЦЕЛОСНО СОЧУВАН дом, НАПУШТЕН уште во 50-те години

Глетката е морничава, чудна и занемувачка: Да се влезе во соба со толку  многу лични предмети во истата положба како пред повеќе од половина век е морничаво.Неверојатните слики што ги направи човекот со интересно хоби, урбаниот истражувач Дејв, ни нудат интересна можност да ѕирнеме во животот на луѓето што живееле во куќата во 50-те години.
Повеќето напуштени куќи имаат оставено лични предмети, но не можат да се пофалат дека имаат и светнат сребрен прибор што се уште е во кујнските фиоки и старински долапи што фаќаат прашина.

Дејв ја пронајде неверојатната временска капсула во Онтарио, Канада, додека разгледувал и снимал напуштени имоти во своето родно место. Таму нашол музички инструменти, како и грамофон и стерео систем што на времето биле ултрамодерни, книги, семејни фотографии, како и храна во кујната. Се разбира, со поминат рок.

Дејв вели: „Од чудната и морничава глетка запира здивот“. Го опишува и мирисот на распаѓање по половина поминат век.
„Веднаш штом ќе влезете во куќата, наидувате на голема трпезариска маса со покривка и столчињата, што се на своето место. Ве дочекува и часовник, засекогаш застанат на 3:43, два совршено светнати сребрени прибори и дрвен долап, што очигледно, не се отвора откако бил затворен толку време.“
Се е спремно за гостите. Чаши, свеќи, кинески прибор, сребрени пепечници, чинии, соларници…

Се чини дека сопствениците ја сакале музиката: Поседувале акустична гитара, четири грамофони, куп плочи и пијано.
Дневната соба е најпропадната:  Дупка во таванот и на каучот по долгогодишна изложеност на суровите временски услови. Бојата на ѕидовите и на таванот се лупи, но го прави станот уште пошармантен. Завесите се уште висат, а весниците се се уште во кутијата. Има и кутии со стари фотографии.
Во истата соба се наоѓаат и тегли со компот и други одвратни садови со храна. Се плашев да ги отворам и да ги помирисам. Интересна е и старата рамка со слика од дете, а кујната е декорирана со разни тенџерчиња и керамички чинии.
Мразам да го користам терминот временска капсула, но само така може да се опише ова што го видов.
Полицата со зачини е полна со производи чии натписи се со стари фонтови, пред ерата на компјутерските графички едитирања.
Горе по скалите Дејв открил долап со лекови, упати, бања со лавабо и стар чешел што виси на ѕидот: „Најпрво го отворивме долапот со лекови, таму имаше производи за кои сум сигурен дека денес се забранети, како и боја за коса, лосиони, фластери. Секоја соба е полна со книги, и тоа книги за зависност: Алкохол, дрога, книги за Исус, за Бог, за религијата“.
„На ваков мебел му е место во некоја од оние продавници за скапи фустани што не можеме да си ги дозволиме“, заклучува Дејв.Неверојатните слики што ги направи човекот со интересно хоби, урбаниот истражувач Дејв, ни нудат интересна можност да ѕирнеме во животот на луѓето

Пронајдете не на следниве мрежи: