ЖИВА ЛЕГЕНДА: Драган Вучиќ со уште еден легендарен потег!

Обожуван од едни, исмејуван од други, како и да е Драган Вучиќ секогаш со своите гафови, некоја своја досетка или пак потег кој ќе го направи, но никако не може да го сокрие, неодоливо избива во жижата на јавниот интерес и предизвикува пријатни хумористични чувства.Драган Вучиќ дефинитивно е жива легенда. Во овие изминати 20 години тој е една од најпознатите,  најозборуваните и најсимпатичните јавни личности во земјата.
Последен негов легендарен потег е вчерашниот. Драган Вучиќ во само за него препознатлив стил во ист ден, во интервал од само половина час,  донираше пакети сокови, вода и кафе во кампот на Чуварите на демократијата пред Собранието за Република Македонија, и во Кампот на опозицијата пред Владата.
Му благодариме на господинот Драган Вучиќ за неговата донација. Не посети, ни даде поддршка, се задржа кратко и ни донираше неколку пакети со сокови и вода, и неколку пакетчиња кафе, вели Дарко Младеновски од Чуварите на демократијата.
Претходно македонскиот шоумен донираше и во кампот на опозицијата, и знаејќи ја неговата слаткоречивост веруваме дека и таму искажал поддршка и честитки за опозиционерите.
Во јавноста постои верзија дека со посетата на двата кампа Драган Вучиќ се обидува да изнајде публика за неговиот следен концерт!
Има и верзија дека се нудел да настапи во двата кампа со културно уметничка програма, па донацијата била во функција на неговото лобирање за настап.
Некои пак велат дека едноставно му било здодевно, па отишол да ги посети камперите.
Кружи и муабет дека Вучиќ немал каде да ги складира соковите и водата од спонзорите на неговите емисии, затоа што никој реално не учествува во нив, па затоа сакал одеднаш ем да се ослободи од намирниците, ем да демонстрира хуманост.
Некои посмели пак велат дека познатиот Драган има идеја да се кандидира за претседател на државата, па ја бара поддршката на двете политички спротивставени групи.
Во секој случај овој потег на Драган Вучиќ е легендарен. Браво бре Драгане!!!
Извор:vistina.mkДраган Вучиќ дефинитивно е жива легенда. Во овие изминати 20 години тој е една од најпознатите,  најозборуваните и најсимпатичните јавни лично

Пронајдете не на следниве мрежи: