Живеев за забави, викенди, пијанки и секс, сè до една вечер кога…

Денешните млади генерации, се многу поопуштени и послободни од порано. Од лесната достапност на сите работи и луѓе често знае да настане вистински хаос во кој тешко се поставува некој ред.Слободата е бесконечна, но треба да знаете како да ја користите без да ја злоупотребувате. Претераната физичка слобода, знае понекогаш да ни направи и затвор во душата.
Убаво е кога сте безгрижни, но не и кога свесно ги одбегнувате грижите и проблемите. Колку и да бегате од себеси, нема никогаш да успеете да избегате. Каде и да одите единственото нешто кое секогаш си го носите сте самите вие.
Додека не научите да се прифатите онакви какви што сте, никогаш нема да бидете вистински среќни, колку и да се залажувате себеси со некоја површна среќа, одглумени моменти и лажни маски.
Оваа девојка го сфатила тоа на потешкиот начин:
„Мислев забавата е најважна, мислев дека е најдобро кога може бесконечно да пиеме, да танцуваме, да се бакнуваме и да имаме секс сè до следниот ден, кога сè почнува одново.
Нов ден, нов почеток, нови луѓе, стара приказна. Мислев дека се забавувам, мислев дека уживам. Не знаев ни каде сум, ни со кого сум.
Живеев за да дојдат викендите, да „заглавам“ во клубовите, да пијам додека не се онесвестам и да се препуштам на телесното задоволство и да уживам во дивиот секс.
Немаше ништо поубаво во тие моменти. Немаше грижи, немаше проблеми, ниту обвинувачки погледи. Но, се немав ниту себе.
Којзнае која беше таа навечер, што секое утро ми стануваше сè погрда. Само додека се стемни. И тогаш повторно, одново се заборавав себеси и се препуштав на лудата забавна девојка да ме води.
Но, ништо не е бесконечно. Еден ден, доаѓа крајот, кога си влепуваш шлаканица и се гледаш себеси од страна во телото на некоја друга.
Ја гледаш сликата во која се препознаваш. Тогаш вистински посакуваш да избегаш од себе.
Во една вечер, гледајќи еден непознат пар кој се валкаше по тротоарот и пијаната насмеана девојка, ми се причини како да се видов себеси од страна.
Само за среќа, тоа е лажната слика која ја создавав долго и длабоко во себе знаев дека можам подобро. Знаев дека тоа не сум вистинската јас.
Можеби нема да можам лесно да го заборавам смрдливиот здив, непознатите раце и мрачните слики, но важно е да направам чекор напред, да излезам од таа слика и да почнам од почеток.
Денес сè уште ги немам пронајдено мирот и сигурноста, но барем знам дека сум вистинската Јас и дека сум на добар пат да успеам“.
Но, ништо не е бесконечно. Еден ден, доаѓа крајот, кога си влепуваш шлаканица и се гледаш себеси од страна во телото на некоја друга.
Ја гледаш сликата во која се препознаваш. Тогаш вистински посакуваш да избегаш од себе.
Во една вечер, гледајќи еден непознат пар кој се валкаше по тротоарот и пијаната насмеана девојка, ми се причини како да се видов себеси од страна.
Само за среќа, тоа е лажната слика која ја создавав долго и длабоко во себе знаев дека можам подобро. Знаев дека тоа не сум вистинската јас.
Можеби нема да можам лесно да го заборавам смрдливиот здив, непознатите раце и мрачните слики, но важно е да направам чекор напред, да излезам од таа слика и да почнам од почеток.
Денес сè уште ги немам пронајдено мирот и сигурноста, но барем знам дека сум вистинската Јас и дека сум на добар пат да успеам“.Слободата е бесконечна, но треба да знаете како да ја користите без да ја злоупотребувате. Претераната физичка слобода, знае понекогаш да ни направ

Пронајдете не на следниве мрежи: