„Живеев живот во солзи“: Шпанска докторка ја сподели својата приказна откако забремени на 62 години!

Доктор Лина Алварез обелодени дека е во осмиот месец од бременоста. Таа има 62 години.Менопаузата кај оваа жена почнала пред 20 години, но таа поминала низ третман за плодност и успеала да остане бремена. Веќе има два сина, а следниот месец очекува да ѝ се роди ќерка која ќе се вика Лина.
Д-р Лина Алварез живее во Луго, северозападна Шпанија. Вели дека се чувствува одлично.
– Јас се чувствувам како жена во 30-тите години од животот. Не е возможно да се чувствувам подобро од ова – изјави таа за локалните медиуми.
Нејзиниот најстар син има 27 години, но има постојана потреба од нега – гинекологот при рутински зафат му ја повредил главата уште пред да се роди. За него првенствено се грижи мајка му. Ваквата несреќна ситуација довела и до развод на бракот на Лина со таткото на детето.
Вториот син Лина Алварез го родила на 52 години – тој има 10 години.
– Многу сум среќна и мислам дека сега ја живеам наградата за моето страдање. Ова е чудо! Јас живеев живот во солзи – со години плачев секој ден, не можев да ја прифатам состојбата на мојот син. Два пати неделно тој мораше да оди во болница.
Алварез вели дека многу сакала пак да стане мајка, но лекарите велеле дека тоа не е можно.
– Но, пред некоја година се запознав со гинеколог кој вети дека ако тестовите се во ред, ќе ми помогне. Рече дека имам 6% шанса да забременам – јас сепак забременив и очекувам девојче. Оваа бременост направи да се чувствувам помлада и посилна. Кога таа ќе има 30, јас ќе имам 90. Ќе бидам и мајка и баба, па што, мојата ќерка ќе биде порасната – вели Алварез.Менопаузата кај оваа жена почнала пред 20 години, но таа поминала низ третман за плодност и успеала да остане бремена. Веќе има два сина, а следнио

Пронајдете не на следниве мрежи: