Џорџ Клуни и Амал Аламудин ја подготвуваат својата венчавка, а се шират и гласини дека нивното брзање се должи на тоа дека идната невеста е бремена.Пред само неколку месеци, сите беа убедени дека Клуни засекогаш ќе остане холивудски ерген. Сепак, сентименталниот живот на славниот актер неодамна влезе во трета брзина.
Не само што се вери и дека е на прагот да се ожени со лондонската адвокатка Амал Аламудин, туку наскоро би можел да стане и татко.
Гласините за наводната бременост уследиле откако во медиумите излегле фотографии на кои вереницата на Клуни носи широка облека.
Фотографијата која била објавена на сајтот ТМZ посебно е „елоквентна“. На нејзе Амал е во долг фустан под кој ѕирка заоблен стомак.
Бременоста на Амал би можела да ја објасни брзината со која таа и Клуни одлучиле да се венчаат, како и нејзината одлука да ја одбие понудата на ОН да се приклучи на комисијата за истрага на Газа.
Пред само неколку месеци, сите беа убедени дека Клуни засекогаш ќе остане холивудски ерген. Сепак, сентименталниот живот на славниот актер неодамна



