Животна приказна на руската Пепелашка: Има пет деца, милиони на сметка и мајка што работи на улица

Лариса Кусакина е мајка на познатата манекенка Наталија Водјанова, која секоја година заработува по неколку милиони долари, додека нејзината мајка продава пити на улиците во нивниот роден град Њижниј Новогрод.Од оваа необична приказна можеме да заклучиме дека некои луѓе не копнеат да живеат во раскош и богатство.
Така одлучила мајката на светската позната манекенка, која покрај успешната кариера е омажена за богаташот Антоан Арно, синот на сопственикот на „Луј Витон“, со кој имаат две деца. Пред него, Наталија беше во брак со англискиот аристократ Џастин Портман, со кого имаат три ќерки.
Иако нејзината ќерка живее во луксуз, таа не сакала да ги зема нејзините пари.
Лариса и понатаму продава пити на улица, баш како што тоа некогаш го правела Наталија пред да стане позната во светот на модата.
Покрај Наталија, Лариса има уште две ќерки од кои едната боледува од церебрална парализа. И покрај сите потешкотии, таа не сака да ја прифати помошта од Наталија, бидејќи сака да докаже дека таа и нејзините ќерки можат сами да постигнат нешто.
Наталија призна дека нејзината мајка ѝ е голема инспирација и смета дека таа чекорела низ животот следејќи го срцето, а не одела по патот по кој многумина ѝ кажувале да оди.
„Сега водам поинаков живот, со неверојатни бенефиции. Но, кога ќе се навратам во минатото, гледам дека Русија ми даде алатка што ја немаат сите – волја секогаш да се оди понатаму, да се оствари саканото, да се успее. Тоа сега го користам за да им помогнам на другите луѓе“ – открила Водјанова, која во 2004 година основала хуманитарна организација за помош на сиромашните деца во Русија.Од оваа необична приказна можеме да заклучиме дека некои луѓе не копнеат да живеат во раскош и богатство.
Така одлучила мајката на светскат

Пронајдете не на следниве мрежи: