Иако денес требало да се јави во затвор за издржување на преостанатите четири години, Кристијан Голубовиќ, повторно ја оперирал главата. тој истакнва дека се сомнева дека се работи за тумор, додека докторите го уверуваат дека се работи за инфекција, која настанала при првата операција.„Моментално лежам на апарати со канила во вената, се подготвувам да влезам во операциона сала и се чувствувам многу лошо“, вели Голубовиќ.
„Дојдов во приватната клиника каде неодамна ми беше направена операција на капиларите во главата, бидејќи со денови не ми е добро. Докторите тврдат дека се работи за инфекција која настанала додека минатиот пат со камера минувале низ увотои дека поради тоа настанало воспаление. Милам дека ја кријат вистината од мене и дека се работи за многу посериозна работа и неизлечива болест. Им реков дека сум силен човек и дека можам да ја поднесам вистината, но сите занемеа. Затоа се сомневам во најлошото“, раскажал Голубовиќ пред операцијата за српски Ало, истакнувајќи дека се сомнева дека има тумор.
По неколку одложувања Кристијан би требало да се јави во затвор, за да ги одлежи последните 4 години поради недозволена продажба на дрога. Сепак тој поради здравствени проблеми повторно ќе бара одложување.
„Лесно за затворот, тоа е најмал проблем, само да ми биде добро. Кога ќе бидам здрав нема да ми биде тешко ни во затвор да бидам“, рекол Кристијан напоменувајќи дека доколку биде одбиен ќе се жали.„Моментално лежам на апарати со канила во вената, се подготвувам да влезам во операциона сала и се чувствувам многу лошо“, вели Г



