Животот во Порторико по ураганот Марија стана невозможен

Loading...

По ураганот Марија, жителите на Порторико останаа без струја, храна, нема ниту доволно вода за пиење, а ситуацијата не се поправа, туку се влошува, јавуваат западните медиуми.Ураганот Марија пред околу една недела го погоди Порторико како бура од четврта категорија, уништи повеќе стотици домови и предизвика големи поплави поради штшо, таа американска територија би можела да влезе во уште подлабока финансиска криза. Тоа е најголемиот ураган кој го погодил Порторико во последните 80 години и однесе повеќе од 10 животи.
Меѓу жителите на островот се повеќе расте загриженоста за иднинаната.
Електричната мрежа на островот беше во многу лоша состојба и пред ураганот, додека финансиската ситуација беше катастрофална на Порторико поради долгот од 73 милијарди долари и тешките мерки за штедење.
Претседателот на САД, Доналд Трамп прогласи состојба на природна катастрофа, и така ги деблокираше федералните средства за помош на тој остров.
Белата куќа соопшти дека Трамп во вторник ќе го посети Порторико.
 
 Ураганот Марија пред околу една недела го погоди Порторико како бура од четврта категорија, уништи повеќе стотици домови и предизвика големи

loading...