Златен сертификат за волонтерство во 2016 година се додели на Ајде Македонија

Ајде Македонија е овогодинешниот добитник на златната награда за волонтерство за 2016 година за организирањето на националната акција „Македонија без отпад 2016“.Сакаме на сите што учествуваа да им се заблагодариме и што направија нашиот сон за чиста Македонија да се оствари.
За нас нема поголема чест на денот на волонтерството да добиеме ваква награда и да се цени нашата побелена коса за организирање на масовна волонтерска акција 
Во националната акција беа вклучени над 16 000 учесници, 70 граѓански организации и над 100 училишта, кои чистеа 156 локации низ земјата во 53 општини во Република Македонија.
Националната акција „Македонија без отпад 2016“ има за дел да го исчисти отпадот кој се наоѓа на несоодветни места во околината, да развие свест кај граѓаните за правилно управување со отпадот и да развие механизам за поддршка на граѓаните, општините и другите засегнати групи за подобро да се справат со неорганизираното и незаконско фрлање на отпад во нивните заедници.
Младински културен центар – Битола (Волонтерски центар на Македонија) по повод 5-ти декември Меѓународниот ден на волонтерите, од 2006 година востанови Национални волонтерски награди во Република Македонија. Целта е оддавање на јавно признание на волонтери кои се вклучуваат за доброто на својата заедница, помагаат на други и ја промовираат солидарноста, хуманоста и сите позитивни вредности на волонтерските активности.
Честитки до сите волонтери кои беа вклучени во волонтерски активности и нека е честит празникот на сите волонтери во светот – 5 декември!Сакаме на сите што учествуваа да им се заблагодариме и што направија нашиот сон за чиста Македонија да се оствари.
За нас нема поголема чес

Пронајдете не на следниве мрежи: