Знаеш дека си од Скопје кога…

Loading...

Постојат неколку интересни факти за скопјани преку кои секогаш и секаде се препознатливи. Знаеш дека си од Скопје кога…
– Одиш по сите оние клубови, кафулиња и ресторани кои не се гледаат од улица, а кои се култни катчиња за тебе и твоите пријатели.
– Не сфаќаш дека имаш скопски акцент се додека не излезеш од Скопје.
– Кога ќе кажеш – Идам у град, значи дека идеш на пијачка у клуб или кафич.
Или пак едноставно да завршиш некоја работа „во град“.
– Кога ќе видиш екскурзанти од внатрешноста на екскурзија во Скопје, се прашуваш зошто се овие луѓе волку среќни во Скопје?
– Но и ти си исто толку среќен што си во Скопје.
– Знаеш дека во петок навечер ќе потрошиш повеќе време барајќи бесплатен паркинг отколку што ќе поминеш во журкање.
–  Ако ти е испод чест да влезеш во Диско а да платиш влез.
–  Уживаш во трачарење во секој момент и едвај чекаш некој да стане од маса за да го изоговараш.
–  За празници како 1 мај, Велигден, Водици си во Охрид и се гледаш со цело Скопје, дури и пиеш кафе со луѓе што не си ги видел одамна во Скопје, ама ете сте се сретнале таму викендашки.
–  Понекогаш мрчиш за Скопје, ама кога ќе се спомне Белград се влажниш небаре е Њу Јорк.
–  Ако мислиш дека се знаеш со цело Скопје, евентуално пола.
–  Преку ден пиеш по 3-4 кафиња, па после заглавуваш со друштво во кафана.
–  Ако за „Мекиците од Стража“ сеуште викаш- пред Путник.
–  Постојано вртиш бизниси, цело време си во фрка, имаш нови зделки и еден куп работа.
–  Навиваш за Вардар цел свој живот.
 

 

– Ги знаеш сите градски фаци кои оставиле свој печат на Скопје.
–  Ја знаеш на памет „Скопје“ од Леб и Сол, а Кети и Лина од „ Неправда“ ти се најголеми фраерки. Секако и „ Високи Штикли“ и „ Ако ми дадеш“ ти се култни.
–  Ако Охриѓани за тебе викаат- Море она Скопјанишчено…
–  Знаеш да разликуваш сељак од селанец.
–  Кога возиш во гужва ги пцуеш сите што немаат скопски регистрации.
–  Жена ти или мажот ти се од Скопје.
– Зимаш плата 250 евра а трошиш 500.
–  Кога ќе ти се јави некој и ќе те праша кај си, одговараш- Еве на кафе.
–  Немаш пријатели во високите врвови на администрацијата.
–  Немаш потреба да ги убедуваш сите дека си стар Скопјанец.
–  Нарачуваш со другарите ракија и на 43 степени и целиот ден го поминувате во Дебар маало иако температурите се неиздржливи.
–   Обавезно и да е црвено на семафори, ако си нервозен свириш.
 

 

–  Одбиваш да се сликаш пред Воинот на коњ и Триумфалната капија.
–  Уште објаснуваш според локацијата на Рекорд, Нова Железничка, Кенан, Нама, Ванила…
–  Ако влезеш сам во некоја позната кафана се чудиш со кого попрво да седнеш бидејќи скоро сите ги знаеш.
–  Ако барем 2-3 пати си го искачил Водно до врв.
–  Имаш барем еден во фамилија што е факултетски образуван ама не е вработен со години.
–  Ако си искачал во Бони, Ани, Аполон, Алпино, Корнер, Булевар, Малибу, Уна, Огниште, Мусандра, Сачмо, Турист, Раф, Елемент, пред Ванила…
– Ако како мал те носеле во циркус Медрано на ливадата во Карпош.
–  Ако немаш нива за продавање.
 

 

–  Ако ги знаеш сите скопски фрази.
–  Синоним за благо ти е Апче, за брза храна 7-ца , а за пиво- Скопско.
–  Ченто го викаш Сингелич.
–  Си одел на лизгалиште.
– Не се фотографираш по новоотворените трговски центри за да закачиш слика на Фејсбук.
–  Ако си одел на излет на Матка, Треска, Катланово, езерце, Чичино Село…
–  Ако си вртел на 223- 305 за да видиш дали ќе ти се јави Драган Мијалковски.Знаеш дека си од Скопје кога…
– Одиш по сите оние клубови, кафулиња и ресторани кои не се гледаат од улица, а кои се кул

loading...
Loading...